Палмер во Македонија, Пратениците сакаат советници, Фејсбук открил обиди за влијание врз изборите во САД...

МАКЕДОНИЈА - Високиот американски дипломат Метју Палмер од американскиот Стејт департмент е во посета на Македонија за да ја истакне поддршката на САД за Договорот за името и евроатлантската интеграција на Македонија. Тој се сретна со македонскиот државен врв. Според Кабинетот на претседателот на државата, претседателот Ѓорѓр Иванов му рекол на високиот гостин дека тој не го признава Договорот со Грција бидејќи е неуставен.

МАКЕДОНИЈА - Новиот состав на ДИК го усвои Правилникот за подготовка, организирање и спроведување на претстојниот референдум закажан за 30 септември и одлучи сите рокови да бидат скратени за пет дена, освен јавната пропаганда, бидејќи референдумот треба да се одржи за 60 дена.

МАКЕДОНИЈА - Премиерот Зоран Заев не сака да прејудицира како ќе гласа Собранието во случај да нема цензус за претстојниот референдум за договорот за името, но повтори дека е убеден во исполнување на цензусот посочувајќи дека нема алтернатива за тоа.

МАКЕДОНИЈА - Вкупниот буџет на Собранието за 2019 година е предвидено да биде 575.836.000 денари, се намалува делот за патни трошоци, но се предвидени средства за 75 пратенички канцеларии во изборните единици од каде доаѓаат пратениците и исто толку асистенти за пратениците.

САД - Фејсбук идентификуваше координирана кампања за политичко влијание пред ноемвриските избори за американскиот Конгрес и укина десетици лажни сметки на нејзината страница, објави оваа компанија. Американскиот секретар за внатрешна безбедност Кирстјен Нилсен наведе дека Русите биле тие кои се мешале во изборите во 2016 година и вети дека нема да дозволи тоа да се повтори.

РУСИЈА - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, по апсењето на американски пастор во Турција под обвинение за тероризам, изјави дека јазикот на заканите кој го користат САД никому не е од полза.

РУСИЈА - Руското Министерство за надворешни работи ја потврди смртта на тројца руски граѓани со новинарски легитимации во Централноафриканската република. Руското дипломатско претставништво таму работи со локалните власти за да се разјаснат околностите за загинувањето на руските граѓани.

ТУРЦИЈА - Рачно направена експлозивна направа експлодира на пат во југоисточна Турција, при што загинаа мајка и нејзиното дете, а според локалните власти, нападот го извршиле курдските бунтовници.

СЛОВЕНИЈА - Еден до потенцијалните кандидати за мандатар за состав на нова влада на Словенија, Марјан Шарец, предводник на партијата Листата на Марјан Шарец, е близу до формирање владин кабинет, откако партијата Левица реши да ја поддржи неговата евентуална малцинска влада од пет партии.