Фејсбук тврди дека открил обиди за влијание врз политиката на САД

Фејсбук соопшти дека на своите интернет платформи открил „софистицирани“ обиди за влијание врз американската политика, можно поврзани со Русија. Оваа американска компанија наведе дека на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм избришала 32 профила, бидејќи нивните сопственици учествувале во координирано дејствување и затоа што налозите најверојатно биле лажни. Фејсбук додава дека не знае кој стои зад овие активности, но оти е можно да постои врска со Русија, бидејќи била откриена поврзаност меѓу овие профили и профилите на руската приватна компанија Агенција за истражување на интернетот кои биле избришани по претседателските избори во САД во 2016 година.