Сириските сили ја зазедоа границата кај Голанската висорамнина

борби кај Голанската висорамнина

Силите на сириската влада ја зазеле границата кај Голанската висорамнина и за прв пат по седум години ја повратиле контролата врз таа област, по предавањето на екстремистите на последниот дел од територијата што ја контролираа. И владинте медиуми и Опсерваторијата за човекови права известија за успехот на силите на сирискиот претседател Башар ал Асад против џихадистите поврзани со Исламската држава. До ова дојде по шестнеделни борби на југозападот на Сирија.