Епидемија на мали сипаници во Дебарско

Дебар

Институтот за јавно здравје објави дека во дебарско има епидемија на мали сипаници со регистрирани 17 случаи.

„Сите заболени во епидемијата се во меѓусебна епидемиолошка врска и сите се жители на Дебар, со исклучок на една жена која е жител на Охрид, но секојдневно патува во Дебар каде што работи. Во однос на возраста, 11 од заболените се над 30 години, три лица се на возраст од 20-29 години, и по едно лице припаѓа на возрасните групи: од 15-19 години, од 1-4 години и под една година“, објави ИЈЗ на својата веб страница.

Според соопштението, деветмина заболени се машки, а осум женски лица. За десетмина од нив има лабораториска потврда, седум се со утврдена епидемиолошка врска, а за четири лица сé уште се чекаат конечните лабораториски анализи.

Деветмина од заболените се вакцинирани со една доза, три лица се вакцинирани со две дози, четири се невакцинирани, а едно лице е со непознат вакцинален статус.