Нетанјаху: Трамп бараше помош за евакуација на Белите шлемови

Бели шлемови

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел помогнал во евакуацијата на стотина сириски спасувачи од југозападна Сирија на молба на американскиот претседател Доналд Трамп и други западни лидери. „Пред неколку денови претседателот Трамп ми се јави, како и премиерот на Канада Џастин Трудо кои ме замолија за евакуирање на Белите шлемови од Сирија“, е наведено во соопштението од кабинетот на Нетанјаху. Белите шлемови се доброволци кои помагаат во спасувањето на сиријци ранети во напади во подрачја кои се под контрола на бунтовниците.