Сириските бунтовници на границата со Израел се предаваат

евакуација на жители во провинцијата Кунеитра

Сириските бунтовници се согласиле да им ги предадат на владините сили последните делови кои ги контролирале во провинцијата Кунеитра. Тоа ќе му овозможи на режимот на претседателот Башар ал Асад да воспостави контрола врз границата со Израел. Поголем број автобуси пристигнале во таа провинција за да ги пренесат борците, активистите и жителите кои не сакаат да ги прифатат условите за предавање, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Сирија и Израел на два пати водеа војна околу границата, а Израел ја окупира Голанската висорамнина во провинцијата Кунеитра.