Владата на Косово ја поздрави препораката на ЕК за визна либерализација

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја поздрави синоќа позитивната препорака на Европската комисија за либерализација на визите за граѓаните на Косово и оцени дека тоа е доказ за напредокот на земјата на патот кон целосна интеграција во евроатлантските структури. Владата на Косово изрази очекување дека оваа препорака на ЕК ќе биде поддржана и од Европскиот парламент и од Советот на министри со цел слободното движење на граѓаните на Косово во европските земји да се оствари до крајот на оваа година.