Грчкото МНР да дознае од Заев кој нудел поткуп за да се спречи Договорот за името

Грчкото Движење за обнова бара Министерството за надворешни работи на Грција да дознае од македонскиот премиер Зоран Заев кои грчки бизнисмени се обиделе да подмитат и кого сакале да поткупат за попречување на Договорот Македонија - Грција.

Портпаролот на партијата- коалиција на ПАСОК и Демократска левица, Павлос Христидис, во писмената изјава вели дека чекаат од грчката влада известување за случајот со руските дипломати.

„Министерството за надворешни работи треба да го направи она што е очигледно. Да стапи во контакт со господинот Заев за да дознае кои грчки бизнисмени се обиделе да подмитат и кого. Уште очекуваме известување за тоа што се случи со руските дипломати“, вели портпаролот на Движењето за промена.