Со руски пари против Македонија во НАТО, Владата се отчита за прославата, Трамп и Путин во Финска...

МАЦЕДОНИА - Претседателот на владата на Република Македонија Зоран Заев во интервју за BuzzFeed News изјави дека про-руски бизнисмени се обидуваат да ја спречат земјата да се приклучи на НАТО, со плаќање за насилни протести. Странци блиски со Русија платиле илјадници долари да предизвикаат насилство со цел да ја спречат Македонија да се интегрира во НАТО, истакна Заев. Дел од нив се поврзани со медиуми, дел ги охрабруваат младите луѓе да протестираат пред парламентот, да напаѓаат полицајци. Тоа е многу очигледно, додаде тој.

МАКЕДОНИЈА - Владата соопшти дека за прославата Одиме напред - Македонија во НАТО и ЕУ се потрошени вкупно 11.900 евра по град или 179.500 евра на ниво на цела држава.

МАКЕДОНИЈА - Сум бил опозиција пред една година и знам дека е вредност да се седне да се разговара секако ако ова го гарантира успешниот референдумски процес како процес. Вака Премиерот Зоран Заев ѝ одговорија на опозицијата која бара предвремени избори.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Русија е подготвена да стори се што е во нејзина моќ за да предизвика дестабилизација на регионот на Западен Балкан, кого ЕУ го запостави во последите 10 години, се оценува во Извештај на британскиот Комитет за надворешни работи.

АВСТРИЈА - Австрискиот канцелар Себастијан Курц го поздрави Договорот меѓу Скопје и Атина и предлага ЕУ да ги прекине преговорите со Турција.

ФИНСКА - Средбата на американскиот претседател Добалд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин траеше два часа и 10 минути. На средбата присуствуваа само преведувачите, што наводно било желба на Трамп, иако не е официјално потврдено. Трамп по состанокот со Путин изјави дека се добро почнало. 

БЕЛГИЈА - Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија се дистанцираа од изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ЕУ и САД се непријатели. Шефот на германската дипломатија Хајко Мас истакна дека Европа денес не може да се потпре на Трамп откако тој ја нарече ЕУ непријател на САД во трговската сфера.

КОСОВО / РУСИЈА - Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, побара од светската фудбалска федерација, ФИФА, да реагира до Москва, поради забраната за истакнување на косовското знаме во стадионите низ Русија за време на Светското првенство во фудбал, кое заврши вчера, објави Газета експрес.

ЛИБИЈА - Либиските власти соопштија дека шест деца, еден маж и една жена, кои биле дел од поголема група мигранти, се задушиле во бродски контејнер во кој биле скриени во градот Зувара. Во контејнерот биле заклучени 100 мигранти. Останатите 94 се однесени во болница.

САУДИСКА АРАБИЈА - Саудиска Арабија соопшти дека забранува долга листа на популарни видео игри, откако се појавија наоди дека две деца извршиле самоубиство, а за да го направат тоа биле охрабрени од извесна он лајн игра. Забраната се однесува на 47 игри, меѓу кои Grand Theft Auto V, Assassin's Creed 2 i Witche", поради неозначено кршење на правилата и прописите. Забраната е одговор на смртта на 13-годишно девојче и 12-годишно момче, кои според некои извептаи се убиле откако на социјалните мрежи ја играле играта Синиот кит, иако се уште не е прецизирано дали е тоа точно. Во играта учесниците добиваат различни задачи кои треба да ги исполнат, а играта завршува со повик за самоубиство на играчите.