Хан утре во Скопје го отвора скринингот за почеток на преговорите

Еврокомесарот Јоханес Хан утре доаѓа во Македонија, со што почнува скринингот процесот на земјата за отпочнување преговори за членство во Унијата.

Според агендата, Хан треба да се сретне со премиерот Зоран Заев, со претседателот на Парламентот Талат Џафери и со лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а, според најавите, треба да има и обраќање пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието.

Минатата недела Хан на прес-конференција во Брисел ги најави посетите на Македонија и на Албанија и отпочнувањето на скрининг процесот на овие две земји. Еврокомесарот по завршување на средбите во Скопје, утре попладне ќе замине за Тирана.

Премиерот Зоран Заев на средбата со претставници на граѓанските организации изјави дека со доаѓањето на Хан во Скопје почнува скрининг процесот.