Времето денеска: претежно сончево

Во Македонија ќе биде претежно сончево и топло. Во северните планински подрачја ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе се движи од 23 до 35 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 33 степени.