Заев: Сите партии заедно ќе ги прецизираат деталите за референдумот

Македонскиот премиер Зоран Заев, во интервју за грчката агенција АНА-МПА, изјави дека по самитот на НАТО сите политички партии ќе имаат средба во Собранието за да ги утврдат елементите на референдумот, деталите за прашањето што ќе се постави на референдумот и за карактеристиката на референдумот за името.

Заев се надева дека референдумот ќе биде успешен и ги повтори и можните датуми - 23 септември, 30 септември или 7 октомври, за, како што кажа, „да постои доволно време за да се финализираат сите процеси до крајот на годината“.

„Референдумот, знаеме дека ќе се заврши успешно и се надеваме дека сите ќе бидат мотивирани да придонесат во референдумскиот процес да има најголем успех, бидејќи е многу важен за нашата земја“, вели македонскиот премиер за грчката новинска агенција АНА-МПА.