Договорот за името, причина за протерување двајца руски дипломати од Грција

Грција ќе протера двајца руски дипломати и ќе забрани влез на уште двајца за активности што не се во согласност со нивниот статус, објави денеска грчкиот весник Катимерини. Засега нема официјaлeн коментар од грчките власти, како и од руската амбасада во Атина. Според Катимерини, Атина го презела овој потег откако почувствувала обиди на руските дипломати да го поткопаат Договорот со Македонија, за спорот околу името.