Трамп пристигна во Брисел

Американскиот претседател Доналд Трамп со сопругата Меланија пред заминувањето за Брисел, 10.07.2018.

Американскиот претседател Доналд Трамп стигна во Брисел на дводневниот самит на НАТО, а по неговите обвинувања на сметка на сојузниците дека не издвојуваат доволно за одбраната. Брисел е првата станица на Трамп во текот на престојот во Европа. Тој ќе ја посети Британија, а во Хелсинки ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин. Трамп вчера изјави дека од неговите претстојни состаноци во Европа, оној со Путин може да биде најлесниот.