Димитров: Заслужуваме чиста одлука за почеток на преговори

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров на самитот за Западен Балкан во Лондон

Шефот на македонската дипломијата Никола Димитров, на вториот ден од лондонскиот Самит за Западен Балкан, изјави дека Македонија заслужува чиста одлука за почеток на преговори.

„Заслужуваме чиста одлука за почеток на преговори, но политиката е уметност на можното и ќе сториме се што можеме, ќе вложиме максимален напор за да одиме напред. Граѓаните на ЕУ мора да разберат дека процесот на проширување може да не трансформира. Ние правиме грешки, но исто така и ги поправаме грешките. Процесот на пристапување е можност за трансформација на општествата“, рече Димитров.