Трамп го предложи Кавана за нов судија на Врховниот суд

Американскиот претседател Доналд Трамп и предложениот нов судија на Врховниот суд Брет Кавана, Вашингтон, 09.07.2018.

Американскиот претседател Доналд Трамп реши за нов судија на Врховниот суд да го предложи Брет Кавана. Тој би требало да го пополни испразнетото место по заминувањето на долгогодишниот судија Ентони Кенеди. Судиите на Врховниот суд на САД кој има девет членови, се наименуваат доживотно. Новиот судија како и секој на таа позиција со своите одуки ќе може многу долго време да го обликува правецот на американското општество. Трамп веќе имаше можност да наименува нов судија на Врховниот суд. Тој во минатата година го наименува Нил Горсуч на местото на починатиот Антони Скалија.