Мета побарал од Трамп поголемо присуство на САД во Западен Балкан

Албанскиот претседател Илир Мета, честитајќи му го на американскиот претседател Доналд Трамп Денот на неависноста на САД, побара од него поголемо американско присуство на Балканот, објавија албанските медиуми.

„Многу е важно да се зголеми присуството на САД во Албанија и регионот на Западен Балкан, како клучен фактор за мирот, стабилноста и безбедноста. Подготвени сме за натамошно зајакнување на стратешкото билатерално партнерство во областа на безбедност и во НАТО и верувам дека под Ваше раководство ќе ги зајакнеме овие врски и ќе ја прошириме нашата соработка во полза на слободата и напредокот на нашите земји и пошироко“, му порачал Мета на Трамп.