Поповски: Нашата Влада е најтранспарентна во регионот

Министерот без ресор Роберт Поповски денес ги презентираше резултатите од истражувањето на транспарентноста на Владите во регионот, поддржано од ЕУ, според кое Владата на Македонија е на прво место во оценката за отвореност на Владите во регионот.

„Минатата година во исто такво истражување македонската Влада била на последно шесто место. Министерствата годинава, по истите критериуми, биле рангирани на трето место, а минатата биле исто така на последно. Најдобри оценки има Министерството за труд и социјална политика“ соопшто Поповски, повикувајќи се на истражувањето со кое се опфатени Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора.