Бејли: Време на надеж за Македонија

Амбасадорот на САД во Скопје, Џес Бејли, архивска снимка

„Денес е време на надеж за Македонија. Граѓаните се со право фокусирани на формалните врски што ја поврзуваат Македонија со нејзините соседи со Европа, со САД, НАТО, ЕУ, Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија. Постигнат е значаен прогрес во минатата година и во очекување сме на добри вести од НАТО Самитот следната недела. Ова го истакна американскиот амбасадор Џес Бејли во своето обраќање на прославата по повод одблежувањето на 4 јули Денот на независноста на САД, која се одржа во американската амбасада во Скопје. На одбележувањето присуствуваа премиерот Зоран Заев, повеќе вицепремиери и министри во Владата, пратеници, лидери на политички партии од власта и од опозицијата, на претставници од институции од невладиниот сектор и од дипломатскиот кор тој се осврна и на вредностите кои ги поврзуваат двете земји. Одбележувањето на 242 годишнината на независноста на САД помина во знакот на џинсот како автентичен американски производ и бренд кој опстојува од 19 век.