Нов модел за Антикорупциска, Опозицијата на марш, Трговска одмазда од ЕУ, Инфлациски рекорд во Турција...

МАКЕДОНИЈА - Премиерот Зоран Заев изјави дека буџетот за бесплатното болничко лекување кое, според владините најави, ќе стартува од 1 јануари 2019 година, ќе изнесува околу 7,6 милиони евра.

МАКЕДОНИЈА - Министерката за правда Рената Дескоска изјави дека се работи на закон за спречување на корупцијата и една од задачите на работната група е да дефинира нов модел на Антикорупциска комисија која ќе биде експертска, ослободена од какви било политички влијанија и која ќе има ингеренции навистина да ја врши својата работа онака како што треба.

МАКЕДОНИЈА - Време е да се чуе нашиот заеднички глас и затоа ве повикувам на протестен марш во Струмица, о недела, со почеток во 13 часот. Собирното место е во паркот во Струмица, од каде ќе се маршира по шеталиштето, па се до општината Струмица, повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски.

ГРЦИЈА - Шефот на грчката Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис, во интервју за весникот Политико Европа, вели дека за Грците Договорот за името е неприфатлив поради признавањето на македонскиот јазик и етницитет.

БЕЛГИЈА - Австрискиот канцелар Себастијан Курц, на пленарната седница на Европскиот Парламент, ги презентираше приоритетите на австриското претседавање со ЕУ, кое почна на 1 јули и ќе трае до 31 декември 2018 година, нагаласувајќи дека Западниот Балкан ќе биде на врвот на листата.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека разговорите со Пјонгјанг се движат во добра насока. Во меѓувреме, во САД продолжуваат протестите поради неговата политика кон мигрантите.

ТУРЦИЈА - Претседателот на Трговско-индустриската комора Деврим Алсој е ранет, а неговиот заменик Јасан Ерсој е убиен во јужниот турски град Осамние, при оружен напад пред зградата на Комората.

ЕУ - Европската унија предупреди на потенцијална глобална одмазда што ќе влијае врз американски производи во вредност од 300 милијарди долари, доколку претседателот Доналд Трамп воведе казнени тарифи за увоз на автомобили. Трамп пак, најавува дека е можно да се постигне позитивно решение.

АЛБАНИЈА - Два контејнери со 50 тони пилешко месо заразено со салмонела запленила Албанската национална агенција за храна. Местото ќе биде вратено назад од каде е увезено.

ТАЈЛАНД - Британски спасувачи-нуркачи ноќеска успеале да ги пронајдат момчињата-членови на фудбалски клуб кои заедно со невниот тренер се заглавени во пештера во Тајланд. Децата се само со помали здравствени проблеми, но ќе бидат обучени за нуркање за да може да се спроведе спасувачкиот план кој го подготвуваат надлежните.

ТУРЦИЈА - Инфлацијата во Турција значително се зголеми во јуни, достигнувајќи 15,39 отсто, по претседателските и парламентарните избори, објави Институтот за статистика на Турција. Според дел од турските медиуми, ова е рекордно ниво на инфлација во Турција.

СЛОВЕНИЈА - Несогласувањата на Хрватска и Словенија околку Пиранскиот Залив се уште не се решени, а овие две држави имаат нов спор - фарма за школки. Спорот почнал откако словенечкиот Државен инспекторат за животна средина и просторно планирање иницирал истрага за постоењето на една хрватска фарма за школки во Заливот, која пред еден месец се проширила и на словенечката страна од помирската граница, утврдена со меѓународната арбитража, која Хрватска не ја признава.