Каменос има три опции за Договорот: 180 пратеници, референдум или избори

Панос каменос, грчкиот министер за одбрана и коалициски партнер на премиерот Алексис Ципрас, изјави дека ако Договорот за името не биде ратификуван со 180 пратеници во грчкиот Парламент, тогаш грчкиот народ треба да одлучи преку избори или на референдум.

На вонредната прес-конференција во Министерството за одбрана, Каменос рече дека договорот е лош и дека тој лично не го прифаќа и ќе се обиде да го блокира.

„Нема шанси да дојде Договорот за ратификација без став на грчкиот народ. Грчкиот народ ќе одлучи. Освен ако не дојде со 180 пратеници, а Нова демократија и ПАСОК го променат ставот што го имаат. Во тој случај нема да може да направиме нешто. Но, нема да дозволиме без одобрување од грчкиот народ, што може да се направи на два начини, или со референдум или со избори, да оди напред Договорот“, рече Каменос.