Белата куќа: нема промени во политиката околу Крим

Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс

Белата куќа соопшти дека немало промени на американското противање на признавањето на руската анексија на Крим. Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс изјави дека Вашингтон „не го признава рускиот обид да го анектира Крим“. Таа ова го рече откако советникот за национална безбедност Џон Болтон навести дека претседателот Доналд Трамп не ја отфрла во целост можноста да го признае руското приспојување на украинскиот полуостров Крим во 2014 година.