Меркел и министерот Зехофер постигнаа договор

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер и канцеларката Ангела Меркел

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер кој е во судир со канцеларката Ангела Меркел околу мигрантската политика објави синоќа дека постигнал со неа договор за ова прашање. Судирот меѓу двете страни се закануваше со распад на германската владејачка коалиција. „По интензивни преговори постигнавме договор околу мерките за намалување на илегалната миграција“, изјави Зехофер кој претходно најави оставка на функцијата.