Косовската полиција мобилизирана за Видовден

архивска снимка, од прославата на Видовдан на Газиместан, 28.06.2013.

Косовската полиција информира дека ги презела сите потребни мерки по повод денешното одбележување на православниот празник Видовден, една од најголемите верски слави на Србите. „Со цел да гарантираме слобода на движењето за сите граѓани, на локациите каде што ќе има ограничувања, целосни или делумни блокади на одредени патни сегменти, во зоните каде што ќе се одржат разни манифестации, како што се Приштина, Грачаница, Газиместан и други, ќе бидат ангажирани доволен број полицајци, се наведува во соопштението на косовската полиција, во кое се бара од граѓаните да не подлегнуваат на можни провокации.