ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ вчера покажа дека Македонија со Заев не оди напред

Опозициска ВМРО-ДПМНЕ смета дека ЕУ вчера „дала до знаење дека капитулантските политики на премиерот Зоран Заев“ не ја приближуваат Македонија ни милиметар до Унијата.

„Срамниот капитулантски договор со кој се откажа од името Република Македонија и се што е македонско го правдаше со добивање на датум за преговори само за да ги прикрие сите криминални тендери и зделки. Членството во ЕУ бара работа и посветеност, а не трговија со државните интереси. Република Македонија има потреба од реформи, а не од штетни договори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.