ОН ја критикуваа употребата на „човечки штитови“

Израелскиот амбасадор во ОН Дени Данон

Обединетите нации ги осудија терористичките организации поради користење цивили како „човечки штитови“. Овој став што го усвои Генералното собрание на ОН главно се однесува на Хамас, милитантна палестинска организација која управува во Појасот Газа. Израелскиот амбасадор во ОН Дени Данон изјави дека Хамас своите екстремисти ги криел зад жени и деца во училишта и болници, од каде што вршат напади врз Израел. Генералното собрание овој месец го обвини Ирзаел дека користел прекумерна сила против палестинските цивили.