Времето денеска: облачно и дождливо

Во Македонија ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд кои попладне и во текот на ноќта во јужните и југоисточните делови ќе бидат пообилни и интензивни и за кратко време ќе наврне поголемо количество дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе се движи од 11 до 22 степена. Во Скопје и околината слично време со температура до 21 степен.