Џафери нема да го чека крајниот рок, Договорот за името неделава на ново гласање

Откако претседателот Ѓорѓе Иванов го извести Собранието дека нема да го потпише указот за Договорот со Грција, собранискиот претседател Талат Џафери има рок од 30 дена од изгласувањето на законот за ратификација на договорот да го стави повторно на гласање на пленарна седница.

Како што објави МИА, повикувајќи се на извори во Собранието, откако Џафери ќе ја разгледа одлуката што ја испратил Иванов и според планираните активности во Парламентот и на пратениците ќе ја закаже седницата. Сепак, се најавува дека тоа ќе се случи до крајот на оваа или следната недела и дека претседателот на Собранието нема да го чека крајниот рок 20 јули.