Времето денеска: повремено облачно и врнежливо

Во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Во јужните делови облачно со пообилни врнежи. Ќе дува умерен со засилен североисточен ветер, особено на запад и североисток. Максималната температура од 13 до 24 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 24 степени.