Времето денеска: променливо облачно

Во Македонија ќе биде променливо облачно, од пладне и особено во западните и јужните делови со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе се движи од 14 до 24 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 23 степени.