Во Анкара уапсени членови на ИД кои планирале напад на денот на изборите

Полицијата во Анкара уапсила 14 лица под сомневање дека се членови на Исламска држава и дека подготвувале терористички напади за време на претседателските и парламентарните избори, закажани за во недела, објавија новинските агенции.

Според турските медиуми, уапсените биле откриени во неколку координирани полициски акции во становите на осомничените на повеќе различни локации во Анкара.