Еврозоната: Грција излезе од финансиската криза

Грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос на состнок на еврогрупата

Земјите од еврозоната се согласија околу планот со кој и се овозможува на Грција да излезе од осумгодишната програма за финансиско спасување поради големата должничка криза. Министрите за финансии на 19 земји членки на еврозоната постигнаа компромис за ова прашање по целодневните маратонски разговори во Луксембург. Со планот се предвидува Грција на 20 август повторно да излезе на финансиските пазари. „Грчката криза заврши тука вечерва“, изјави еврокомесарот за економски работи Пјер Московици, оценувајќи дека станува збор за историски момент. Според договорот, Грција добива уште една финансиска инјекција од 15 милијарди евра. Во изминативе 8 години Грција има добиено 275 милијарди евра финансиска поддршка од ЕУ.