На четири локации во Косово и Србија ќе се бараат масовни гробници

Илустрација

Две локации во Србија, на кои постојат индиции дека може да има гробници со тела на убиени Албанци од војната во Косово во 1998-1999 година, како и две локации во Косово, ќе се испитуваат со современа истражувачка апаратура за таа намена, донирана од НАТО, јави МИА од Приштина.

„Истражувањето ќе се изврши откако косовската владина Комисија за исчезнати лица ги добила од Алијансата специјалните детектори, кои откриваат дали во почвата има човечки останки, односно коски“, објави косовскиот весник „Коха Диторе“.