САД излегуваат од Советот за човекови права на ОН

Американскиот амбсадор во ОН Ники Хејли

Соединетите држави соопштија дека излегуваат од Советот на ОН за човекови права, наведувајќи дека во таа агенција недостигаат реформи и оти таму имала постојана кампања против Израел. Американскиот амбсадор во ОН Ники Хејли го соопшти ова на прес конференција во Стејт департментот. Таа притоа посочи дека во ова тело имало и членки како Конго и Кина, земји кои ги кршат човековите права. Исто така таа наведе дека Израел бил постојано цел на критики во расправата за ситуацијата на Блискиот исток. Вашингтон одби да му се придружи на Советот кога беше формиран во 2006 година за време на претседателот Џорџ Буш, но неговиот наследник Барак Обама го направи тоа во 2009 година.