Собранието ќе гласа за ратификација на договорот со Грција

Собрансиска седница. илустрација

За денеска во 11 часот е закажана собраниска пленарна седница на која ќе се гласа за ратификација на договорот со Грција. Собраниската Комисија за европски прашања вчера со десет гласа „за“ го усвои Предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на расправата во Собранието и во Комисијата за европски прашања, бидејќи ја бојкотираат расправата за договорот. Предлогот-законот за ратификација во Собранието и во собраниската Комисија за европски прашања го образложи министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој изјави дека предлог законот бил ставен по скратена постапка, за ако помине ратификацијата на договорот во Собранието, да може Грција да го извести Советот на ЕУ дека нема забелешки. Идната недела, во вторник, се одржува состанок на Советот на ЕУ.