Рекордни скоро 69 милиони расселени во светот

илустрација

УНХЦР, агенцијата за бегалци на ОН соопшти дека во 2017 година речиси 69 милиони луѓе биле насилно раселени поради војни, насилство и прогон. Тоа е нов рекорд на бројот на расселените што расте вече петта година по ред. Бројот на бегалците и внатрешно раселените лица се зголеми за 4,6 насто во 2017 година во споредба со претходната година. Скоро 70 насто од нив избегале од пет земји: Сирија, Авганистан, Јужен Судан, Бурма и Сомалија. Високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди, рече дека протокот на бегалци би можел да се забави во голема мера ако некои од војните и кризите во овие земји се решени. „Но, ние не видовме значителен напредок во градење на мирот во која било од овие земји“, додаде тој. До крајот на минатата година, конфликтот во Сирија предизвика повеќе од 6,3 милиони луѓе да ја напуштат земјата. Уште 6,2 милиони Сиријци се внатрешно раселени. На второ место е Авганистан. Турција, Пакистан, Либан и Иранмеѓу главните земји домаќини за бегалци.