Собранието го почнува процесот на ратификација на договорот со Грција

Претседателот на Собранието Талат Џафери

Пратениците на Собранието на Македонија денеска претпладне ја почнуваат процедурата за ратификација на договорот за решавање на македонско грчкиот спор околу името. Претседателот на Собранието Талат Џафери за ја закажа седницата откако вчера имаше состанок со шефовите на пратеничките групи. Џафери изјави дека очекува договорот што во неделата го потпишаа шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција да биде ратификуван до петок. Предлог – законот за ратификација на Конечната спогодба со Грција доби европско знаменце и ќе биде по скратена постапка. Пратениците денеска треба да ја изгласаат потребата за донесување на Предлог-законот за ратификација, по што за Спогодбата ќе се отвори дебата во Комисијата за европски прашања. Поради европското знаменцена текстот на Предлог – законот се кратат роковите и дискусиите на Комисијата за европски прашања се ограничени на три дена. По дебатата во оваа собраниската комисија, за Договорот се гласа и на пленарна седница. За да се ратификува, потребно е мнозинство од 61 пратеник.