Нуклеарниот арсенал во светот се намалува

Меѓународен институт за истражување на мирот од Стокхолм

Светските сили малку ги намалија своите резерви на нуклеарни боеви. Во почетокот на годинава имало 14.465 што е резултат на намалувањата на САД и Русија. Ова во најновиот извештај го наведува Меѓународен институт за истражување на мирот од Стокхолм во кој се оценува дека сепак, земјите ги продолжуваат програмите за модернизација на нукеларните боеви глави. САД и Русија, и покрај малиот пад во нивните арсенали, сé уште имаат речиси 92 насто од целото нуклеарно оружје. Во почетокот на оваа година, САД имаа околу 6.450 боеви глави, што е намалување од 6.800 една година порано, додека Русија имаше 6.850, пад од 7.000. Се верува дека девет држави поседуваат нуклеарно оружје. Тие, покрај САД и Русија, се: Британија, Франција, Кина, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја.