Шекеринска со осуда за насилните протести пред Собранието

Вицепремиерката Радмила Шекеринска

Вицепремиерката Радмила Шекеринска „жестоко” ги осуди насилните протести што се сллучија вечерва пред Собранието на Македонија. „Жестоко го осудувам насилството, особено врз новинари. Не можеш да ја сакаш Македонија и да ја браниш со тоа што ќе тепаш граѓани на државата. Не можеш да ја сакаш Македонија и да им се закануваш на Македонците”, изјави Шеќеринска за 1ТВ.Македонската полиција со солзавец растера насилни демонстранти пред Собранието кои протестираа незадоволни од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство потпишан во Псарадес. Демонстрантите фрлаа кон полицијата шок-бомби, пиротехнички средства и камења. Полицијата возврати откако дел од нив ја турнаа заштитната ограда и се обидоа да влезат во Парламентот.