Германија спречила терористички напад со отровен агенс

илустрација

Германските власти соопштија дека нивното апсење на еден тунижанец било поради сомневање дека тој подготвувал биолошко оружје со цел да го искористи за терористички напад. 29 годишниот Саиф Алах беше уапсен во Келн откако во неговиот стан бил пронајден отровниот агенс рицин. Тој имал доволно материјал да подготви меѓу 250 и илјада отровни дози на рицин. Обвинителите соопштија дека тој исто така контактирал со исламистички екстремисти, но оти немаат докази дека бил член на терористичка организација.