Грчкиот парламент расправа за недоверба на владата на Ципрас

грчкиот премиер Алексис Ципрас

Грчкиот парламент расправа за недоверба на владата побарана од опозициските пратеници кои се противат на договорот што го постигна грчкиот премиер Алексис Ципрас со премиерот на Македонија Зоран Заев за решавање на спорот со името. Дебатата во парламентот се очекува да биде завршена утре. Владата на Ципрас има 154 пратеници во парламентот од 300 места и затоа не се очекува да падне. Сепак, доколку и биде изгласана недоверба Ципрас ќе мора мандатот да му го врати на шефот на државата.