Двајца обвинети признаа вина, предметот за нападот врз Села ќе се раздвои

Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски, за кои Обвинителството по разгледувањето на новите докази го смени обвинителниот акт, од обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, во насилство за настаните во Собранието на 27 април лани, денеска пред судот ја признаа вината по новото обвинение.

Дончо Наков, адвокатот на Георгиевски, побара, согласно новото обвинение, постапката против Цејо Георгиевски да се одвои. И обвинетиот Стојан Павлевски, рече дека го разбира новото дело за кое се терети, и дека по дадените видео докази се чувствува виновен.

Судијката Славица Андреевска, по признанието на вина од обвинетите, кажа дека кривичното дело за насилство поведено по измените на обвиненеито се раздвојува од постапката за другите обвинети, кои се обвинети за обид за убиство.