Се е подготвено за историската средба Трамп - Ким

Американскиот претседател Трамп и сингапурскиот премиер Ли Лунг

Претставници на делегацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се сретнаа утрово во Сингапур со севернокорејски официјални лица за последните подготовки за средбата на американскиот и севернокорејскиот претседател, Доналд Трамп и Ким Џонг Ун, соопшти Белата куќа.

Американскиот амбасадор во Филипини и поранешен амбасадор во Јужна Кореја Сунг Ким ја предводи американската делегација на средбата во хотелот „Риц Карлтон”. На чело на севернокорејската делегација е заменикот-министер за надворешни работи Чу Сон-хуи, објави Ројтерс.

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун пристигнаа вчера во Сингапур.

Ким, според дел од западните медиуми, направил „мала диверзија“, и место со неговиот претседателски авион наречен „Ер форс Ун“, пандан на американскиот „Ер форс уан“, слетал со авион на кинеската авиокомпанија „Ер Чајна“.

Вовед во утрешната историска средба е денешниот работен ручек на Трамп со сингапурскиот премиер Ли Хазен-ланг.

Како што минатата недела изјави американскиот претседател Трамп, неговата желба, меѓу другото, е на средбата да се стави крај на 50-годишната војна меѓу Северна и Јужна Кореја, како и денуклеаризацијата на Пјонгјанг.

Рускиот претседател Путин, по оваа ијзва на Трамп, рече дека севернокорејскиот лидер сака нуклеарно разоружување, но дека „на средбата со Трамп ќе бара силни безбедносни гаранции од САД“.

Од организацијата на Самитот и официјално соопштија дека елитна полициска формација, составена од припадници на непалските Гурки, ќе го сочинува најголемиот дел од обезбедувањето на средбата.