Политичките претставници на Албанците на Косово нудат војна, обвини Српска Листа

Претставниците на Српска листа

Српска листа, најголемата партија на Србите во Косово, смета дека, „во неможност да понудат подобри услови за живот за сите граѓани на Косово, политичките претставници на Албанците на граѓаните им нудат војна и сепаратистички приказни“.

„Тие денеска изјавија дека за Приштина војната со Србија не е завршена, поради што очекуваме итна реакција на меѓународната заедница“, се вели во соопштението на Листата по вчерашното одбележување на 140-годишнината од Призренската лига.

Според оваа партија, таквите изјави на некои од говорниците на вчерашната свечена седница на Собранието во Призрен, се опасни за мирот и безбедноста на Балканот.