Во Србија истрага за исчезнати бебиња

Мешовита комисија што ќе врши истрага за случаите со исчезнати бебиња во Србија, а во која се претставници од државни институции и родители на деца кои се сомневаат дека децата им се исчезнати од породилишта, почнува со работа четири месеци по основањето на таа комисија, објави весникот Вечерње новости.

Радиша Павловиќ, член на Комисијата и претседател на Здружението „За вистина и правда за бебињата“ изјави дека комисијата ќе биде задолжена и да испита одговорност на оние кои со години спречувале истрага за исчезнатите бебиња пред пет години.