Ги приближија ли Скопје и Атина ставовите за името?

Архива - состанок на министрите за надворешни работи Никос Коѕијас и Никиола Димитров со посредникот на ОН Метју Нимиц во Њујорк

Во текот на изминатиов викенд имало консултации на советничко ниво меѓу Скопје и Атина за решавање на спорот за името и деблокада на Македонија за членство во ЕУ и НАТО.

Според неофицијални извори, ставовите биле приближени и се очекува наскоро да дојде до долго најавуваниот разговор меѓу премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Портпаролот на македонската влада Миле Бошњаковски вчера изјави дека во владата нема никакви поделби и таа работи посветено на решавање на споровите, како и на јакнење на достоинството и идентитетот на граѓаните.

Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Диитрис Ѕанакопулос, пак, изрази оптимизам дека македонскиот премиер ќе го направи „решителниот чекор“ и ќе биде постигне договор.