Ќе биде сончево и топло со умерна облачност попладне

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температура на воздухот ќе достигне до 34 степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движат од 15 до 32 степена.