Броење денови за името, СЈО сака поголеми случаи, Нови турбуленции меѓу Косово и Србија...

МАКЕДОНИЈА - Премиерот Зоран Заев изјави дека се во прашање денови кога ќе се случи телефонскиот разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Тој рече да не се избрзува и дека за се ќе биде информирана јавноста, а на крај народот ќе одлучува на референдум.

МАКЕДОНИЈА - Во моментов ДИК не работи, предвремени избори се можни, можен е и референдум. Најопасната работа е што ДИК не е формирана, а се најавува референдум. Се поставува прашањето кој го прочистува списокот кој е клучен елемент за референдумот. Така што најголемиот проблем го гледам тука, изјави поранешниот член и претседател на ДИК Александар Новаковски.

МАКЕДОНИЈА - Специјалната јавна обвинителка Ленче Ристоска најави дека СЈО и во иднина ќе отвора истраги во Македонија и додаде оти се надева дека надлежноста на СЈО ќе биде проширена и на случаи од висока корупција.

МАКЕДОНИЈА - Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, изјави дека Град Скопје за жал нема ингеренции во дислоцирање на дивоградбите од Скопје 2014 и оти согласно легислативата таа надлежност е на општина Центар.

ГРЦИЈА - Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, во интервју за ЕРТ, говорејќи за црковниот аспект на прашањето и ставот на Грчката православна црква, одговори дека името не е работа на Светиот синод на ГПЦ и добро би било да не се меша.

СРБИЈА - Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека со Резолуцијата 1255 на Советот за бебзедност ОН се предвидува враќање на илјада српски војници и полицајци во Косово, додавајќи дека сепак тој лично често пати бил предупредуван оти со преземањето на ваков чин Србија би дошла во судир со НАТО.

КОСОВО - Косовскиот министер за труд и социјала, Скендер Речица, во име на Владата дека поднесе бараање до Собранието за повлекување на Платформата за дијалог за нормализација на односите меѓу Косово и Србија

ИЗРАЕЛ - Шин Бет, израелската безбедносна служба, соопшти дека спечила напад врз премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, како и врз градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат.