Во Скопје Конференција за миграцијата и Западен Балкан

Самеул Жбогар

Денеска во Скопје ќе биде одржана Конференција за миграцијата и Западен Балкан - научени лекции и идни предизвици, во рамките на бугарското претседателство со Европската унија. На отворањето треба да се обрати амбасадорот на Бугарија во Македонија Иван Петков.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, како што е најавено, ќе зборува за миграцијата и идните предизвици, а бугарскиот заменик министер за внатрешни работи Милко Бернер, ќе зборува за обезбедувањето на надворешните граници на ЕУ.