Ципрас и Вартоломеј разговарале за статусот на МПЦ

Црковниот аспект на проблемот меѓу Македонија и Грција, беше една од темите за кои разговараа грчкиот премиер и Вселенскиот патријарх на нивната 80-минутна средба во премиерската палата, јави МИА од Атина.

Алексис Ципрас ги поздрави напорите на Вселенската патријаршија за надминување на проблемот, додека пак Вартоломеј рече дека работат на сеправославна обединетост и соработка.

„Во однос на црквата на Скопје, прашањето што го споменавте, тоа е во рамките на канонските обврски на Вселенската патријаршија да се обидува да ги отстранува расколите каде штo постојат и да работи на сеправославна обединетост и соработка, како што правиме во сите овие години“, рекол Вартоломеј.